Uncategorized

Како поминува еден ден за болните од цистична фиброза

Секој ден за него е земен здив и нова надеж дека ќе живее, 31 годишниот Игор Пехчевски од Берово официјално е единствениот пациент со цистична фиброза во Малешевскиот регион. Се надева дека ќе биде меѓу првите пациенти, кои ќе го добијат лекот „Трикафта“. Неговиот соборец Благојче Илиевски не го дочека, а како што вели Игор пред камерата на Телма се храбреле еден со друг.

Неговиот капацитет на белите дробови е под  70% и мора да внимава да не се зарази овој период од грип. На секои три месеци поминува по 15 дена во изолирана соба, примајќи венска терапија. Не е лесно на никој во семејство со дете, или со возрасен кој има дијагноза цистична фирброза, порачува Игор на државниот врв и одговорните за здравјето на граѓаните, само во еден ден мора да испие 30 апчиња.

Ова момче на кого болеста му пречи секојдневно да вози велосипед, но и со неговиот фотоапарат да ги покажува убавините на Малешевскиот регион, смета дека последното ветување од институциите е играње на пинг-понг со болните од цистична фиброза.

Во моментов живее во Берово и не е вработен. До 26 година лековите  ги добивал бесплатно, но  сега мора да си ги плаќа. Игор вели дека пациентите со цистична фиброза спаѓаат во лица со попреченост, а од државата добива само 3.500 денари. Завршил економски, но во малото Берово со неговата струка не може да најде работа, тропнал на сите врати на општината. Во изминатите шест години добил само празни ветувања. Сѐ уште се надева дека ќе се вработи во некоја институција, а последно нешто и на коешто веќе размислува е да замине во странство.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан тестираше балистичка ракета во услови на тензии со Индија

Дејан Дејан

Никој не сака во име на Владата да става смајлиња и лошковци на новинарските и медиумските известувања, но распишан е нов тендер

Дејан Дејан

Им го завртија грбот на политичарите, побараа минималец од 500 евра и „првомајски“ порачаа – нема да запреме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе