Третата тенисерка на светот, Онс Жабер потврди дека нема да настапи на турнирите во Доха и Дубаи, а како причина за повлекувањето го наведе фактот дека наскоро мора да изврши хируршки зафат.
“Мојот лекарски тим реши дека морам да заминам на операција за да санирам одредени проблеми и потоа без проблеми да одговорам на сите предизвици кои ме очекуваат во продолжението од сезоната. Сакам да им се извинам на сите поддржувачи од Блискиот исток кои сакаа да ме видат на теренот, но им ветувам дека ќе возвратам до добри резултати”, рече тенисерката од Мароко.
Турнирот во Доха на програмата е од 13 до 18 овој месец, а една недела подоцна ќе се одржи и натпреварувањето до Дубаи.
ФОТО: Игор Паневски