Вести Економија Свет

ЕУ постигна договор за ограничување на цената на руските нафтени деривати

Европската унија синоќа постигна договор за ограничување на цените на руските нафтени деривати, соопшти шведското претседателство со ЕУ, два дена пред почетокот на ембаргото на ЕУ за тие производи што се извезуваат по морски пат.

Амбасадорите на ЕУ ја одобрија горната граница на цената на руските нафтени деривати пред таа конечно да биде усвоена од Европскиот совет, објавија шведските власти, додавајќи дека тоа е важен договор што е дел од континуираниот одговор на ЕУ и нејзиниот партнери во руската агресивна војна против Украина.

Според европските дипломати, договорот вклучува плафон на цена од 100 долари за барел за поскапи производи како што е дизелот, како и 45 евра за барел за помалку рафинирани производи како што е мазутот.

Овој договор е во согласност со предлозите на Европската комисија. Тие цени се однесуваат на руските нафтени деривати што се транспортираат со бродови на ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе