Вести Свет

Почина славниот шпански моден дизајнер, Пако Рабан

Шпанскиот моден дизајнер Пако Рабан  денеска почина 88-годишна возраст во Франција, соопшти каталонската групација Пуиг, сопственик на заштитниот знак што го носи неговото име.

–   Со длабока тага, Пуиг ја објавува веста за смртта на Пако Рабан, се наведува во соопштението на групацијата.

Рабан починал во село во Бретања каде што живеел.

Тој ја започна својата кариера создавајќи модни детали, накит, вратоврски, копчиња, кои им ги понуди на големите куќи за висока мода – Диор, Сен Лоран и Карден.

Во текот на својата кариера, креаторот се занимавал и со езотеризам. Тој се истакна и со бројни ексцентрични изјави и опасни предвидувања.

Рабан во 1999 година во една од неговите книги пишува дека Париз ќе биде уништен откако врз градот ќе се урне Меѓународна вселенска станица. Тој тоа го тврдеше врз лично толкување на пророштвото на Нострадамус.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе