Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски го продолжи престојот на Тунис и оваа недела повторно ќе биде дел од ИТФ турнирот во Монастир кој се игра за награден фонд од 15.000 долари.
Ивановски овој пат е поставен за прв носител и на стартот успеа да го совлада Американецот, Ендрју Роџерс. Нашиот тенисер во меч што траеше еден час и 29 минути место во следната рунда обезбеди по победата со 6:3 и 6:3.
Противник на Ивановски во второто коло ќе му биде Полјакот, Олаф Пјечковски кој во го елиминираше Андреа Пикионе со 2:1 по сетови 2:6, 6:3 и 6:2.
ФОТО: Игор Паневски