Јавен оглас за директор на МКЦ ќе биде објавен по завршување на ревизијата и на истиот ќе може да се пријави секој кој ги исполнува законските услови, велат од град Скопје по рекциите на програмските уредници на МКЦ. Што се однесува до бројните притисоци за време на резизијата за кој алармираа вработените во МКЦ , начинот на кој е поставен новиот в.д директор, град Скопје со став дека редовната ревизија не е мобинг, туку законска обврска која се спроведува во сите претпријатија и институции на градот.
Целокупната документација е предмет на ревизија и истата мора да биде обезбедена од евентуални манипулации.Вршител на должност се поставува од редот на вработените во институцијата, без конкурс согласно законските услови кои ги предвидува Законот за јавни установи и Статутот и постапено е согласно истите. Сите услови согласно законот за оваа позиција се исполнети и испочитувани доследно, велат од град скопје.
Во меѓувреме вработените во МКЦ го имаа и својот прв колегиум со в. д директорот Никола Алексов. И двете страни чекааат да заврши ревизијата, за да се да се произнесат за истата.
Конечно денес за прв пат во 10:30 утринава бевме свикани на програмски колегиум од страна на в.д директорот. Повторно не беа дадени никакви конкретни насоки. Директорот се запознаваше со работата и со процесите кои ги менаџира програмскиот колегиум на нашата институција. Ни беше кажано дека ќе застане во интересот на институцијата и во интерес на вработените, изјави програмскиот уредник на МКЦ, Маргарита Арсова.
Сѐ уште се заклучени просториите во кои е документацијата и дали имате пристап до неа ?
Ние имаме пристап само кога се вработените на своите работни позиции. Инаку да, бравите се заклучени и од тие брави има само директорот клуч, отклучува кога вработените можат да влезат и кога си заминуваат, рече Арсова.
Во телефонски разговор за Телма в.д директор Никола Алексов, кој не сакаше да говори пред камера рече дека за сите прашања ќе одговори кога целосно ќе заврши ревизорскиот извештај за МКЦ. Што се однесува до програмата во претстојниот период таа ќе се одвива без промени.
Нина Стефанова