Бразилската комбинација Рафаел Матош и Луиза Стефани триумфираше во конкуренција на мешани двојки на Отвореното тениско првенство на Австралија.
Матош и Стефани во финалето во меч што траеше 87 минути во два сета со 7:6 и 6:2 триумфираа во дуелот против Индијците, Санија Мирза и Рохан Бопана.
За Мирза ова беше последен настап на еден Гренд слем, а во текот на кариерата успеа да триумфира на шест големи турнири од кои три се во мешани двојки, а еден е токму во Мелбурн и тоа во 2009 година.
Тенисерката од Индија најави дека последниот турнир во кариерата ќе го одигра во Дубаи кој е на програмата на почетокот од следниот месец.
Познати се и финалистките во конкуренција на женски двојки. Катарина Синаикова и Барбора Крејчикова од Чешка славеа со 6:2 и 6:2 во дуелот против украинско-романската комбинација Марта Костјук – Елена Русе.
Првите фаворитки на турнирот за трофејот ќе се борат со Јапонките, Суко Аојама и Ене Шибахара кои триумфираа на вторите носителки Коко Гоф и Џесика Пегула од САД.
ФОТО: Игор Паневски