Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ турнирот што се одржува во тунискиот град Монастир, а се игра за награден фонд од 15.000 долари.
Ивановски влезот меѓу четирите најдобри го обезбеди откако во два сета со 6:3 и 6:4 триумфираше над Себастијан Соргер од Австрија во меч што траеше 78 минути.
Противник во полуфиналето ќе му биде Гркот, Стефанос Сакеларидис, кој по голема борба со 2:1 по сетови 6:1, 4:6 и 6:4 го совлада Колин Маркес од САД.
Во второто полуфинале се среќаваат домашниот играч Моес Ешрагуи и шестиот носител Франческо Форти од Италија.
ФОТО: Игор Паневски