Спорт Тенис

Ѓоковиќ ја продолжи триумфалната низа во Мелбурн

Поранешниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ја продолжи триумфалната низа во полуфиналните настапи на Отвореното тениско првенство на Австралија.

Српскиот тенисер никогаш во својата кариера нема загубено полуфинален дуел во Мелбурн, а има шанса серијата да ја продолжи и во финалето со оглед на фактот дека и во овие мечеви нема доживеано пораз.

Ѓоковиќ до десеттото финале во Австралија стигна откако во три сета со 7;5, 6:1 и 6:2 славеше над Американецот, Томи Пол.

За него ова ќе биде 33-то Гренд слем финале и в недела ќе атакува на 22-от трофеј на големите турнири.

Денешната победа над Пол беше вкупно 27-ма последователна за Ѓоковиќ во Мелбурн со што го собори рекордот на Андре Агаси во периодот од 2000 до 2004 година кој имаше низа од 26 меча без пораз.

Противник во финалето ќе му биде Гркот, Стефанос Циципас кој беше поуспешен од Карен Хачанов совладувајќи го со 6:4, 6:7, 6:3 и 6:3.

Финалето се игра в недела во 9:30 по средно-европско време и ова ќе биде 13-то меѓусебно соочување, а во досегашните дуели Ѓоковиќ има 10, а Циципас само две победи од кои девет се во низа.

Победникот на првиот Гренд слем во сезоната од понеделник ќе биде новиот лидер на АТП листата.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе