Спорт Тенис

Ѓоковиќ го елиминираше Димитров, Мареј поразен од Агут

Поранешниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ го продолжи настапот на првиот Гренд слем во сезоната откако забележа победа во дуелот против Григор Димитров.

Српскиот тенисер до пласманот во осмина финалето дојде откако во три сета со 7:6, 6:3 и 6:4 во меч што траеше 3 часа и седум минути славеше над 28 играч на АТП листата.

Отвореното тениско првенство на Австралија заврши за Енди Мереј кој по голема борба со 3:1 во сетови беше совладан од Роберто Баутиста Агут, а место меѓу 16-те најдобри обезбеди и деветтиот фаворит Холгер Туне по триумфот над Иго Имбер.

Фаворитот број 5, Андреј Рубљов беше поуспешен од Даниел Еванс, Алекс де Минаур го совлада Бенжаман Бонзи, а пласман во осминафиналето обезбедија и Американците, Томи Пол, Бен Шелтон и Џеј Џеј Волф.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе