Без изненадување минаа и мечевите од денешната програма на женскиот дел од Отвореното тениско првенство на Австралија.
Четвртата носителка Каролин Гарсија со 2:1 по сетови 1:6, 6:3 и 6:3 успеа да ја елиминира Германката, Лаура Зигмунд. Фаворитката беој 12, Белинда Бенчиќ славеше во соочувањето со Камила Џорџи, а петто рангираната тенисерка Ирина Сабаленка триумфираше во мечот со Елиз Мертенс.
Каролина Плишкова беше поуспешна беше Варвара Грачева, а Дона Векиќ забележа победа со 6:2 и 6:2 во мечот против Нурија Паризас Дијаз.
Место во следната рунда на првиот Гренд слем во сезоната обезбедија уште Шуа Веи Жанг и Линда Фрухвиртова.