Вести Македонија

Владата сè уште нема конкретен датум кога ќе ги стартува уставните измени

На само 10 месеци пред истекот на неофицијалниот рок за промена на Уставот и вметнување на Бугарите во него, во владата сè уште немаат конкретен датум кога ќе стартува процедурата за уставни измени. Уставните измени предвидени во Преговарачката рамка на земјава со Европската унија се услов за Македонија да премине во втората фаза од преговорите за полноправно членство, откако ќе заври првата фаза – скринигот. Вицепремирот за европски прашања, Бојан Мариќиќ, очекува процесот на скринингот да биде заокружен до крајот на годината, но немаше толку конкретен одговор за уставните измени.

Но, иако ќе се актуелизира дискусијата за уставните измени со стручната јавност, на повидок нема ни лидерска средба на таа тема. Тоа го потврди и лично премиерот, Димитар Ковачевски, кој рече дека такво нешто засега не е планирано.

Инаку скрининг процесот, како прв фаза од преговорите со ЕУ, по завршување на Првиот кластер – „Темелни вредности“, идната недела скринингот ќе продолжи со три поглавја од кластерот „Внатрешен пазар“.

Мариќиќ, кој е задоволен од тоа како тече процесот на скринингот, денеска рече дека првичните коментари на сите инволвирани страни бил позитивен, но оти оцената и клучните укажувања земјава ќе ги добие во скрининг извештаите кои ги подготвува ЕК, а ги одобрува Советот на министри.

Дополнително, во рамки на Патоказот за владеењето на правото, земјава ќе мора да усвои и акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците со конкретни мерки за недискриминација, борба против говор на омраза и право на образование. Овој документ ќе се носи во консултација со земјите-членки на ЕУ, бидејќи мора да биде усвоен од Европскиот совет.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе