Вести Македонија Најважни

Премиерот Ковачевски им се извини на „Телма“ и „Алфа“ со свои зборови

Премиерот Димитар Ковачевски им се извини на Телевизија Телма и Алфа ТВ, за тоа што Телма телевизија ја обвини дека зад уредувачката политика стои енергетска компанија, а за Алфа ТВ рече дека е гласило на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ. Својот коментар и етикетирање, Ковачевски го даде по првите коментари на неговиот коалиционен партнер Али Ахмети кој ги прогласи двете телевизии за непријатели.

По критиките за нападот врз медиумите од стручните и професионални здруженија и организации, денеска на новинарско прашање дали ќе се извини, Ковачевски ги прифати стручните забелешки за неговиот напад врз медиумите.

Би сакал да повторам дека јас не посочив ниту еден медиум конкретно и тоа може да се потврди преку снимката, од прес конференцијата. Но сепак, ако некој се препозна во мојата изјава и ако е тоа вистина, и ако има потреба од извинување, тогаш го има моето извинување. Морам да сум многу јасен дека не постои професија која јас не ја почитувам и ценам, изјави премиерот. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе