Вести Македонија Најважни

ДКСК иницираше постапка за утврдување на одговорност на министерот Спасовски за случајот „Беса Транс“

Можеше ли да се спречи катастрофалната несреќа на автопатот Струма во Бугарија во која во 2021 година загинаа 45 макеоднски државјани, а седум беа повредени? – Ова прашање се наметнува по денешната седница на Комисијата за спречување корупција (ДКСК) која иницираше Владата да утврди одговорност за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, затоа што не донел навремено решение за забранана вршење дејност на станицата „Виа Комерц“, каде технички преглед мина и автобусот на „Беса Транс“ непосредно пред несреќата и му била издадена потврда дека е исправен.

Министерството за внатрешни работи (МВР) три месеци пред несреќа, односно во август 2021, при контрола на станицата за технички преглед, констатираше низа неправилности, по што е доставен предлог за забрана на вршење дејност, затоа што меѓу другото техничкиот преглед го вршат нестручни лица и овозможуваат во сообраќај да се вклучат технички неисправни возила. Но, забраната за вршење на дејност е издадена три дена по несреќата во Бугарија.

Дали министерот намерно или ненамерно не го потпишал навремено решението и дали во таа постапка имало влијание или корупција не е потврдено. Но, од друга страна, прекршени се тие одредби, три месеци стоело решението и се предизвика тоа што се предизвика, вели Шемси Сали, член на ДКСК.

Пријавата за овој случај е доставена од непознат подносител до Комисијата за спречување на корупција. ДКСК одлучи дека поради фактот што Јавно обвинителство веќе има отворено предмет и се води судски процес за овој случај, сите докази кои ги имаат ќе ги достават како дополнување на докази во обвинителството, а до Владата да достават иницијатива за утврдување на одговорност на министерот Оливер Спасовски.

Ние немаме податок дали техничка неиспрваност е причина за несреќата но наше е да укажеме од аспект на несовесно работење на министерот. Затоа до владата доставуваме иницијатива а целиот материјал оди во  ЈО во прилог на нивниот веќе отворен предмет, вели Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Несреќата во Бугарија се случи на 23 ноември 2021 година, кога автобус на „Беса Транс“ со патници од Македонија кои се враќаа од туристичко патување во Турција изгоре во пожар. Настрадаа 45 македонски државјани, а седум беа повредени. Како што соопштија бугарските власти лани во август, причина за несреќата е губење контрола над автобусот од страна на возачот и брзина поголема од дозволентот. Автобусот, пак, немаше лиценца за патување надвор од државата, туку користел потврда од друго возило. Македонското обвинителството оформи предмет за овој случај.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе