Вести Македонија Топ вести

Цементарница „Усје“ и Арсовска ќе докажуваат вистина за загадениот воздух на суд

Цементарница „Усје“ доби кривична пријава од градоначалничката Арсовска, а одговорност ќе бара и од генералниот директор, Борис Хрисафов. Според Град Скопје, на 3 и 4 јануари, компанијата на чело со директорот не се придржувале до обврските од А-интегрираната дозвола која ја поседува фабриката. Со ова ги надминале максимално дозволените граници на испуштање штетни гасови во воздухот. За својата непослушност, која е кривично дело, според Град Скопје, е предвидена и затворска казна.

Цементарницата „Титан – Усје“ наместо дозволениот максимум од 50 микрограми на кубен метар, од оџакот се испуштале 121 микрограми на кубен метар секој час. Исто така, забележано е зголемување на испустот на азотни оксиди за најмалку два пати, односно наместо дозволените 350 микрограми на кубен метар, се испуштале 711 микрограми на кубен метар секој час, велат од Град Скопје. 

„Усје“ со спротивен став. Овнинувањата на Арсовска се невистинити, а вистината велат ќе ја докажат и на суд.

Резултатите од мерењата на сите емисиони точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во Цементарница УСЈЕ е дури и помала од други мерни места во градот Скопје и во другите градови во земјата. Со оглед на фактот, дека во јавноста се изнесуваат обвинувања кои не се поткрепени со факти, а во насока на заштита на вистината, ние ќе покренеме соодветна правна постапка пред надлежните органи, одговорија од Цементарница „Усје“. 

Цементарница „Усје“ од вчера почнале да користат гас, наместо мазут за котлите за парно греење. Но, иако овој енергенс го загадува воздухот, од компанијата велат дека имале право да употребат мазут, поради нарушеното снабдување со природен гас, и во тој случај е дозволен енергенс согласно А-интегрираната еколошка дозвола.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе