Вести Македонија

Арсовска бара затворска казна за одговорните во „Усје“ – поднесена кривична зашто се загревале на мазут и го загадувале воздухот

Град Скопје ја поднесе најавената кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице – Борис Хрисафов, кој како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А интегрираната дозвола која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, не се придржувал кон истите обврски за максимално дозволените граници на испуштање на штетни гасови во амбиенталниот воздух.

Од Град Скопје ја поднесуваат кривичната затоа што цементарницата „Титан Усје“ испуштала значително поголема концентрација на ПМ10 честици од котлите за загревање кои работеле на мазут, наместо на природен гас, при мерењата извршени на 3 и 4 јануари. Односно, наместо дозволениот максимум од 50 микрограми/м3, од оџакот се испуштале 121 микрограми/м3 секој час. Исто така, забележано е зголемување на испустот на азотни оксиди за најмалку два пати, односно наместо дозволените 350 мг/м3, се испуштале 711 мг/м3 секој час.

 Поради овие дејствија, против цементарница „Титан Усје“ и одговорното лице Борис Хрисафов, на иницијатива на градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска, денес се поднесе кривична пријава согласно членот 234 од Кривичниот законик „Тешки дела против животната средина и природа“ во врска со член 218 од истиот закон насловен како „Загадување на животната средина и природа“.  За овие дела е предвидена затворска казна.

Апелираме до Основното Јавно Обвинителство во Скопје, темелно да ги истражи наводите и да постапи по истата соодветно. Граѓаните на градот Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении не трујат, и кои не смеат да бидат амнестирани од одговорноста за загадувањето на животната средина од кое илјадници граѓани страдаат од бројни заболувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе