Вести Македонија Најважни

Зголемување на парламентарното мнозинство или предвремени избори?

Соочен со неединство во својата партија и со непослушност на дел од пратеничката група, но со желба за создавање широк собраниски фронт за европски интеграции, Али Ахмети и дел од неговите партиски поддржувачи се собраа на плоштадот Скендербег за да ја ислушаат албанската химна и да положат венец на неговиот споменик. Иако не му се придружи ниту еден од „огненото“ крило, лидерот на ДУИ уверува дека парламентарното мнозинство не се намалува, но може да се зголеми заради евро-интегративниот процес.

Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, но има еден поопширен и поперспективен пристап, значи – да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една Алијанса за  Европа, изјави ахмети.

Оваа изјава доаѓа како потврда на зборовите на Арбен Таравари, кој уште еднаш најави дека или Алијанса ќе влезе во Владата, или ќе има предвремени избори.

Постои реална можност за влез на Алијанса во Владата бидејќи тоа го бара и меѓународниот фактор. Ако не станеме дел од Владата – тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Во Собранието сме 60 спрема 60 и нема мнозинство без помош на Алијанса.  Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме тој процес. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација, изјави таравари за тв21.

Ахмети негира дека „отворената врата“ за Алијанса е поради „бунтот на Огнените“. Но, еден од лидерите на оваа фракција, Изет Меџити, има токму такви сомневања. Тој е уверен дека Ахмети сака да ги замолчи и да обезбеди покомотно парламентарно мнозинство со дополнителни 8 пратеници и да ја намали зависноста од Огнените. Тие контролираат најмалку тројца пратеници, со што владината поддршка е доведена до работ од 61 пратеник. Пред два месеци, и покрај противењето на Алтернатива, премиерот Ковачевски имаше средба со Таравари, но договор не беше постигнат.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотен бран ја гори Европа

Дејан Дејан

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Дејан Дејан

Kаде ќе бидат префрлени повеќе пари за плати со ребалансот на буџетот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе