Реформите во правосудството освен што заглавиле на носење и менување на законите предвидени во Акцискиот план на Стратегијата за правосудниот сектор за периодот 2017 – 2022, заглавиле и во трошење на буџетските средстава предвидени за тоа, утврдил Државниот завод за ревизија во извештајот објавен денеска.
Ревизијата утврдила дека само половината, односно 50 проценти од предвидените закони, измени на закони и дополнувања на закони со Стратегијата се донесени или усогласени, додека само 20 проценти од предвидените 366 милиони денари поточно само 74 милиони денари биле реализирани заклучно со 31 декември 2021 година.
Ревизорот утврдил дека ниската реализација на предвидените средства се должи на нереазлизирање во делот изградба на нови просторни услови, што претставувало 40 проценти од предвидените средства, како и целосна неискористеност на средствата во делот на просторното уредување на Јавното обвинителство и негово одделување од судовите, за што биле предвидени и 15 проценти повеќе средства од предвидените.
Инаку 366 милиони денари од буџетот на државата биле наменети за реализција на 15 мерки за фискалниот период 2018 – 2022 година.
Инаку Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за петгодишен период требало да ги реализира насоките дадени од страна на Европската комисија во извештајот за земјава во делот правосудство и основни права. Ревизијата утврдила дека од 130 мерки за да се реализира таа цел, содржани во Стратегијата и акцискиот план, целосно се реализирани само 52 проценти, делумно се реализирани 34 проценти, додека од предвиднените мерки 14 проценти останале нереализрани.
Во делот на законите кои биле предвидени со Стратегијата и акцискиот план за да се спроведе реформата анализата покажала дека во поставениот индикатор немало јасно дефинирано колкав број на закони и измени и дополни за закони требало да се донесат и објават во службен весник. Воедно не биле запазен и роковите за нивна подготовка и носење предвиден до крајот на 2020 година. Притоа роковите биле пролонгирани, па последното пролонгирање било до крајот на 2022 година, но ревизорите во моментот кога ја правеле контролата минатат година утврдиле дека постои ризик од дополнително пролонгирање на рокот.
Но за разлика од средствата за капиталните проекти, финансиските средства за предвидени од буџетот наменети за исплата на експерти и професори членови на работните групи кои работеле на законските решенија има поголема реализација. Според ревизорите од Државниот завод за ревизија оваа мерка е оценета како делумно спроведена. Од три милиони денари, реализирани биле 2.335 илјади денари за периодот 2018 – 2022.
Тамара Грнчароска