По бројните рекации во јавноста матичните лекари добија зелено светло своите пациенти да ги праќаат на едно место со упат за истовремено тестирање на Ковид-19 и сезонски грип. Ваквите тестирања се важни да бидат на едно место, за да се знае за што станува збор и која би била соодветна терапија, вели доктор Ѓорѓиевски.
До сега ваков ваков тип на тестирања граѓаните ги правеа во Институтот за јавно здравје, дел во приватните болници каде цените се движеа меѓу 1.500 до 3.000 денари. Многумина финансиски тоа не можат да си го дозволат, вели д-р Ѓорѓиевски.
Добивме едно соопштение од Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет во Скопје дека ќе се спроведува тестирање на повеќе респираторни причинители значи ќе се тестира SARS CoV 2, инфлуенца А или инфлуенца Б, во народот попознати како грип, како и други 15 респираторни заболувања при што со упати кон Институтот за микробиологија, секој матичен лекар ќе може да назначи кои од трите испитувања, му е потребно за дијагноза на својот пациент, вели д-р Ѓорѓиевски.
И тоа ќе функционира со одредена партиципација од страна на граѓаните ?
Како што гледам во соопштението 10% партиципација од однапред утврдените цени на Фондот за здравство, вели д-р Ѓорѓиевски.
Главната дилема која се отвора во моментов е дали доколку се зголеми бројот на пациенти ќе има доволен број на тестови. За нас беше важно да обезбедиме доволно тестови пред да започнеме сериозно со детекција на овие вируси и тука нема дилема, вели професор Трајковска- Докиќ.
Можам со сигурност да кажам да, ние имаме доволен број на тестови за испитување на примероци кои би ги добивале во наредните два до три месеци со оглед дека тогаш очекуваме поголема фрекфенција на работа, меѓутоа ќе бидеме спремни и понатаму да ги тестираме овие вируси, Со тоа што предвидуваме очекуваме дека таа бројка постепено ќе се намалува, вели професор Трајковска- Докиќ.
Во меѓувреме матичните лекари реагираат дека бројот на пациенти во нивните ординации секојдневно расте, дневно минуваат по 200 пациенти меѓу кои 90 се со респираторни инфекции.
Нина Стефанова