Миризба и чад насекаде. Казните ретки, додека газдите профитират од Законот за заштита за пушење. Во 2018-та со законот се забранува пушење во јавни простории, а се дозволи во тераси и летни бавчи. Оттогаш скоро сите локали се претворија во вакви објекти, и наместо простор и за непушачи како што предвидуваше старото законско решение, сега се пуши насекаде. Па така речиси секој локал избира да постави летна тераса за да ги смести и пушачите и непушачите во ист кош.
Зачадени и загушени, со амин од пратениците и последните зкаонски измени, правата ги бараат пред Државниот пазарен инспекторат. Тие се жалат, а инспекторите со полни раце работа. За само 4 дена извршени се над 200 инспекциски надзори и издадени 56 прекршочни платни налози.
Според Законот, казната за правното лице е од 2.000 до 4.500 евра, за одговорно лице од 500 до 1.000 евра, а физичкото лице кое ќе биде фатено како пуши во затворен објект ќе биде казнето со 100 до 300 евра и истите во денарска противвредност, велат од пазарниот инспекторат.
Општина Центар е примамлива за отварање на локали, па така инспекторатот е постојано на терен за утврдување на неправилностите за да се стави ред на доградбите. Од парични казни, до рушење на објектот на сметка на менаџерот се санкциите за непочитување на градбите во општина Центар.
Законот за заштита од пушење е донесен во 2018 поднесен од пратениците од СДСМ што доведе до олабавување на забраната за сега да можете да запалите цигара, буквално, во секое кафуле без да платите казна.
Симона Петровска