Вести Македонија

Шаќири: Треба да се одработат 180 наставни денови до крајот на второто полугодие

До крајот на второто полугодие ќе треба да се одработат 180 наставни денови, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

На владина седница минатата недела беше одлучено наместо на 18 јануари, второто полугодие од учебната 2022/2023 година да почне на 23 јануари, а Шаќири денеска образложи дека причина за одложениот почеток е подобро функционирање на наставниот процес.

„За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Што значи дека иако, освен 10-ти, има три работни наставни денови, не гледам причина да има некаков проблем“, рече Шаќири.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе