Вести Македонија

Екоактивистите сметаат дека индустријата е поголем загадувач од домаќинствата и имаат забелешки на надзорот во „ УСЈЕ“

Индустријата , а не домаќинствата се најголеми загадувачи , велат од Иницијативата „ Зелен хуман град“. Според нив, апсурдно е да се прават студии во кои биомасата од домаќинствата е покажана како најголем загадувач, зашто таа е општ термин, а различни нееколошки горива користат индустриските капацитети , рестораните, пекарите и други помали погони.

(изјава: )

„На пример, „Усје“ во својата дозвола си има напишано дека како гориво користи ардееф и биомаса. Така што самата фабрика која што е огромен капацитет, согорува биомаса, а од друга страна имаме студии кои покажуваат дека биомасата доаѓа од домаќинствата“, изјави Марјан Калевски од „Зелен хуман град“

Спроведувањето на неодамнешниот вонреден надзор на цементарницата „Титан УСЈЕ“ не смеело да се најави, а предлогот од инспекторите за прекршочна постапка за два до три пати поголеми пречекорувања на загадувањето со азотни оксиди, е уште еден апсурд зашто исклучува поднесување на кривична пријава.

Според А- интегрираната дозвола што ја има фабриката, од 12-те оџаци, обврска е секојдневно да се мерат емисиите во 10 од нив. А, двапати годишно да се мерат емисиите на два оџака. И нема јавно достапни информации од континуирано мерење на 10-те оџаци на „Усје“, што е повторно неисполнување обврска од дозволата, велат од „ Зелен хуман град“. А, од „Усје“ ги демантираат тврдењата како неточни.

„Согласно А-Интегрираната дозвола УСЈЕ има обврска да известува за емисиите еднаш месечно. И покрај тоа, имајќи го предвид јавниот интерес, УСЈЕ самоиницијативно, последните неколку години, еднаш неделно ги испраќа резултатите од мерењата од средно-дневните емисии од производниот процес до медиумите.  Во УСЈЕ постои независен 24-часовен мониторинг од германскиот производител SICK, кој е калибриран и контролиран од независни, овластени и акредитирани надворешни компании. Овој монтиторинг континуирано ги мери емисиите, па оттука независно од тоа дали контролата на надлежните служби е најавена или ненајавена, тоа не влијае на резултатите“, велат од „Титан Усје“.

Од „Зелен хуман град“, апелираат надлежните од централната и од локалната власт посериозно да се зафатат со решавање на проблемот со аерозагадувањето.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе