Вести Македонија

По масакрот на кучињата скитници во Струга – ќе најде ли државата цивилизиран начин да се справи со овој проблем?

Бездомните кучиња деновиве повод за партиски препукувања, граѓанин кој убивањето го гледа како решение, активисти кои протестираат за нивна заштита.

Но, проблемот е актуелен и неминовен. Бројот на кучиња се зголемува од ден во ден, а нападите и каснувањата се речиси секојдневие.

Во услови кога институциите не водат грижа, овие животни неконтролирано се размножуваат.

„Една женка од уличните кажуваме може 2 – 3 да прават, може до 5 да прават, тоа е голем проблем, и тоа за брзо време ако има 300 женски, може да има од прилика 900 кучиња ако не се стерилизираат и тоа е голем ризик“,вели  д-р Рами Селмани, потпретседател на Ветеринарната комора.

Речиси и да нема општина во земјава која целосно го решила проблемот. Пример во Тетово локалната самоуправа одвојува годишно по 3 милиони денари, но тоа не е доволно, па сега, од таму велат дека се во преговори и со приватен инвеститор од Турција, но сѐ уште немаат конкретен договор.

Битола, пак, подготвува прифатилиште, а за третман на кучињата е задолжена приватна ветеринарна установа.

Во Штип исто така преку тендер кој го добила ветеринарна клиника се заловуваат кучињата, додека во Струмица од неодамна започна да работи прифатилиште.

Ветеринарите велат дека во решавањето на проблемот треба да се вклучи и централната власт, зашто општините немаат доволен капацитет.

Посочуваат дека во држави од соседството, како Косово, владата одвојува средства за оваа намена.

„Владата да подели големи суми на пари и тогаш да се реши во цела држава, не само во Тетово, или во Скопје, Битола или во Велес. Ако сакаме брзо да биде решено, тоа брзо е 3 до 4 години, не може за 24 часа и не треба еден ден да има застан или прекин на оваа работа во цела држава. А најбитно е Агенцијата за храна и ветеринарство да даде одговорност и да бара од Општините што се работи конкретно“, вели д-р Селмани.

На вчерашниот протест Здруженија за заштита на животните, по повод последниот настан што се случи во Струга, каде беа убиени десетина кучиња скитници, побараа од институциите да работат на проблемот во интерес на заштита на животните, но и на луѓето.

Предагаа мерки за одговорно сопствеништво, задолжителна стерилизација и кастрација.

Премиерот Ковачевски рече дека ќе се подготви нов закон кој ќе ги опфати сите услови за чување на домашни миленици, а за проблемот со бездомните кучиња вината ја гледа во градоначалниците, но и најави дека Владата ќе бара помош преку ИПАРД-програмите.

Данијела Билбилоскa

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе