Вести Македонија

Општина Штип ќе купи 6 автобуси на лизинг за градскиот превоз

Штип конечно ќе има градски превоз, откако пропаднаа двата обиди за јавно-приватно партнерство со фирмите кои имаат автобуси, општината се одлучи самата да го организира.

Штипскиот градоначалник најави тендер за купување на шест автобуси, со еуро шест стандард. Автобусите ќе се купат на лизинг, а ќе има шест релации.

Граѓаните велат дека веќе една деценија го бараат градскиот превоз, а особено изминатите години откако во неколку наврати се зголеми и цената на такси услугите.

Анализи се направени за воведување на градскиот превоз,  според првичните калкулации цената на билетот би изнесувала од 20 до 30 денари во зависност од релацијата.

Во моментов на Штипјани на располагање им е такси превозот, стартот чини 75 денари.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе