Невладините во чиј фокус е затворскиот систем очекуваат одговорност и целосно расчистување на вчерашното филмско бегство на затвореник од Идризово.
Најавија дека ќе следат како институциите постапуваат во овој случај од почеток до крај.
Покрај корупцијата и нестручните и неквалификувани кадри се основа на сите проблеми во затворите велат од Хелсиншкиот комитет кои заедно со македонското здружение на млади правници години наназад ги следат состојбите во затворите
Според Извештајот за 2022 на Хелсиншки и Млади правници во најголемиот затвор Идризово има само 1 докторка, 2 медицински сестри кои се во установата само неколку часа во текот на денот, што не е доволно за установа која брои над 1000 осудени лица со најразлични здравствени проблеми.
Токму овој суштински проблем и недостаток го искористил Мемети во планот за бегство.
Во Идризово нема ниту трпезарија па претставници на невладините во собите на осудените забележале ножеви и друг прибор за јадење што го оценуваат дека недозволиво во затворено одделение каде има осуденици со најголем безбедносен ризик.
За нехуманите услови, пренатрупаност, влага, инсекти, лоша здравствена заштита со години алармираат покрај невладините и народниот правобранител и Европскиот комитет за спречување на тортурата и друго сурово и нечовечко постапување.
Елена Ивановска Мукоска