Вести Македонија

Колку пострашна, толку поуспешна маска – правило за Страчинарските игри

Колку пострашна, толку поуспешна маска. Вакво е правилото за Страчинарските игри во Мокриево. Секоја година на Василица, тука се собираат голем број маскирани лица, но главни се страчинарите кои според преданијата шетале по куќите и собирале храна за сиромашните и немоќните

Освен локални групи, гости имаше од цела држава и соседна Бугарија.

Учесниците велат дека овој е период на многу карневали и слични манифестации, па буквално во јануари и февруари живеат под маска.

Страчинарските игри се обновени од 2006 година.

За Општина Ново Село, се важен дел за зачувување на традицијата.

Освен игрите, на Василица се почитува и обичајот на пиење греена ракија од ѕвонеците на страчинарите.

Живко Спасов секоја година се враќа од Швајцарија каде работи и живее, за да биде дел од овој настан.

Годинава се сварија околу 80 килограми качамак и се приготвија исто толку килограми домашни колбаси. Традиционален ручек кој се дели на присутните по завршувањето на настапот на маскираните групи.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе