Вести Македонија

Ковачевски не открива дали Димовски ќе отпатува за амбасадор во Париз

Си го предадоа директорското столче во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), но не одговорија кој и како ќе одговара за издавањето на државјанство на конторверзниот Украинец Онишченко.

Ексдиректорот на тајната служба Виктор Димовски чека пас од владата дали ќе стане предлог за амбасадор во Париз, а неговиот следбник во службата ќе треба да реферира во владата каде застана истрагата за еквестријан државјанството на Онишченко, најави премиерот Ковачевски.

„Во моментов имаме повеќе испразнети амбасадорски места и тоа во клучни престолнини во Европа, кои што се наши стратешки партнери и нормално дека во рамки на своите надлежности, заедно со претседателот на државата и министерот за надворешни работи, правиме консултации со цел овие места да бидат пополнети, изјави Ковачевски.

За случајот „Онишченко“, Ковачевски рече дека новиот директор на АНБ веќе имал информација до Комисијата за надзор на безбедносните служби во Собранието.

„Нормално, јас немам извештај од тој состанок, со оглед дека се работи за затворен состанок. Меѓутоа, на една од наредните седници на Владата, со оглед дека не беше завршено излагањето на претходниот директор, новиот ќе треба, исто така, да поднесе извештај, се разбира пак, на затворена седница на Влада“, изјави Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кремљ: Европските санкции нема да ја принудат Русија на преговори

Дејан Дејан

Украина се повлече од Отавската конвенција за забрана на употреба на противпешадиски мини

Дејан Дејан

Франција сака повеќе време за трговските разговори со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе