Форумот за образовна размена бара оставка од директорот на студентскиот дом „Пелагонија“, Агим Фејзулаху поради труењето во мензата на тој студентски дом.
„Ако Фејзулаху сè уште нема грижа на советс и не си поднесе оставка, бараме министерот за образование и наука итно да го разреши“, велат од Форумот.
Додаваат дека контролата на санитарниот и здравствен инспекторат утврдила дека хигиената во кујната не е во согласност со микробиолошките критериуми за хигиена на оние кои доаѓаат во допир со храната. и дека студентите две недели се принудени сами да си обезбедуваат храна и покрај законската обврска што управата на студентскиот дом да ја обезбеди.
Бараат сите затруени студенти да бидат обесштетени и да не плаќаат ниту денар за услугата што ги однела во болница.
„Самиот факт што никој не одговара за споменатото труење, ништо не нè уверува дека овој случај нема да се повтори“, додаваат од форумот за образовна размена.