Вести Македонија Најважни

Ние сме за евроинтеграција, порачаа партиите на Албанците од Македонија по вечерата со Рама во Тирана

Лидерите на четирите партии на Албанците од Македонија присуствуваа на коктелот кој го организираше албанскиот премиер Еди Рама во Тирана. На средбата присуствуваше и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Тема на разговор биле евроинтеграциите, а пораката која по средбата ја пренесоа присутните е дека Албанците се за евроинтеграција.

Рама на Фејсбук објави фотографија од средбата со новогодишна честитка до сите Албанци, како што наведува, каде и да се. На средбата присуствуваа Али Ахмети од ДУИ, Арбен Таравари од Алијанса на Албанците, Африм Гаши од Алијанса и Мендух Тачи од ДПА. Претставник немаше БЕСА од каде рекоа дека не сакаат да седнат на заедничка маса со Ахмети, како и дека лидерот на партијата Билал Касами ќе има одвоена средба со Рама.

„Овој пат никој не може да ве спаси од пораз на следните избори, кога и да се одржат“, реагира Касами, откако беше прозван од Ахмети.

По средбата, во изјава за ТВ Клан, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека иднината на двете земји е во Европската Унија (ЕУ) и предизвиците што ги очекуваат во овој период се заеднички и за Албанија и за Македонија. Затоа, според него, потребна е заедничка координација.

Тој го потенцираше заминувањето на младите од Македонија, но и од Албанија, нагласувајќи дека треба многу да се работи за усогласување на стандардите со оние на земјите од ЕУ за да се спречи натамошното иселување.

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари нагласи дека на средбата се разговарало за предизвиците што ги очекуваат нашите две земји на патувањето кон ЕУ и оти го уверил премиерот на Албанија дека не постои албанска партија која е против интеграцијата на земјата во ЕУ и со тоа дека се за уставни измени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар близу границата со Грција, се слуша пукање на муниција, демне опсаност од неиспукани гранати

Дејан Дејан

Ангела Меркел ја критикува политиката на германската Влада кон барателите на азил

Дејан Дејан

Обвинителството отвори постапка за фалсификати во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе