Вести Македонија Најважни

Кривичен треба да каже дали делото на Даравелски е застарено

Кривичниот суд треба да каже дали делото на поранешниот директор на Царинската Управа, Драган Даравелски е застарено или не, откако тој беше фатен на граничниот премин „Табановце“ во обид да влезе во Македонија по што веднаш беше префрлен во Идризово.

Првичните толкувања на правните експерти кои ги консултираше Телма се дека делото му е апсолутно застарено. Сторено е во периодот 1999-2002 година и доколку е за максимална казна до десет години, тогаш поминале 20 години, што значи апсолутна застареност. Но, извршувањето на казната зависи од тоа по кој став од членот за злоупотреба на служената положба е осуден Даравелски.

Даравелски може да се надева и на друго застарување, она за извршување на казната, односно одењето во затвор. Според Кривичниот законик, извршувањето на казната застарува, кога ќе минат десет години од осуда на затвор над пет години. Даравелски беше осуден во отсуство на седум години затвор за злоупотреба на службената положба, но постојат и правни дилеми околу начинот на пресметување на застареност на затворските казни.

Даравелски помина 20 години во бегство. Живееше во Србија и доби српско државјанство. По него беше распишана меѓународна потерница од Интерпол, но ниту едно барање за екстрадиција не успеа.

Српската полиција го уапси во два наврата, во 2004 година и во 2016 година. Но, никогаш не беше испорачан во Македонија. Последното барање за екстрадиција Министерството за правда го испрати во 2020-та година. И тоа заврши без успех. Даравелски, кој беше осуден затоа што го оштетил буџетот за 2,5 милиони евра и кому му беше конфискуван имот, сега може да биде слободен граѓанин, па дури од бавната македонска правда да бара враќање на она што му е земено од државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангела Меркел ја критикува политиката на германската Влада кон барателите на азил

Дејан Дејан

Обвинителството отвори постапка за фалсификати во Чаир

Дејан Дејан

СЗО: Осаменоста предизвикува многу болести кај луѓето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе