Вести Македонија

Митрев во интервју во „Топ тема“: Сега слушам од вас дека Обвинителството утре ќе се произнесе за предметот против мене

Сега слушам од вас, одговори доктор Жан Митрев во интервјуто во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ, во врска со дописот на Обвинителството дека утре ќе информира до каде е предметот оформен по допрен глас во врска со сомненија за измама на пациенти.

„Не знам зошто е толку потребно јавноста да биде претходно инволвирана, т.е. медиумите. Видовме еден дел од медиумите што сè можат да направат со исценирани, превртени и буквално лаги кои се пласираа на таков начин како се пласираа и направија една грозоморна атмосфера во тоа време околу нас“, изјави доктор Митрев.

Обвинителството веројатно се водеше во истрагата по член 247 од Кривичниот законик, став кој се однесува на „сторена штета која надминува значителна вредност“.

Доктор Жан Митрев во емисијата „Нечиста крв“ на ИРЛ беше посочен дека во приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќал на пациентите високи суми на пари за хемофилтрација при лечење од ковид-19, а таа метода не била пријавена пред Агенцијата за лекови -МАЛМЕД.

Обвинителите Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева утре се очекува да им соопштат на новинарите за текот на истрагата – дали таа продолжува, дали ќе оформат обвинение или, пак, не успеале да најдат доволно докази за да го докажат сомнежите за измама на пациенти.

ОЈО – свика брифинг. Завршена истрагата против Жан Митрев, следи ли обвинение за измама на пациенти?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе