Вести Македонија Најважни

Албанска „Ора“ тврди дека Буши платил 20 илјади евра за едно ноќевање, тој вели – патувањето било приватно

20 илјади евра за едно ноќевање во луксузен хотел и уште полуксузен апартман, според албанскиот портал „Ора њуз“, платил заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши. Во истражувањето за албански функционери кои се луксузирале во хотели, се најде и функционерот од македонската влада, за кого се тврди дека престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ ( Парк Босфор хотел) во Истанбул. За тоа сведочи видеото направено од Буши во огромен простор од 850 метри квадратни, пишува порталот. На ова видео јасно се гледа дека тој го снима ентериерот на луксузниот апартман, а во еден момент се гледа и неговиот син, Ќерим Буши, во друштво на две девојки.

Едноставно пребарување на Booking покажува дека ноќевање во претседателскиот апартман е 20.000 евра, па се отворија и дилеми, дали тој може да си дозволи да плати толкава сума за едно ноќевање, кога се знае дека има месечна плата од околу 1.500 евра? Како, и дали патувал службено или приватно?

На овие прашања, Телма побара одговор и од Буши и од МВР. Заменик министерот одговори дека се работи за приватно патување од здравствени причини, планирано пред да стане заменик-министер. Во Турција патувал во октомври 2020 година, а стана заменик министер на 23 септември истата година.

Се работи за приватно патување од пред три години, планирано три-четири месеци пред да станам заменик-министер. Бевме во Турција за интервенција врз внукот, во „Коч хоспитал“. Во хотелскиот апартман престојувавме повеќе лица, бевме гости на двајца пријатели од Скопје и не знам кој ја платил сметката, и колку чинел престојот. Но, сумата од 20 илјади евра е претерана, ни изјави Буши.

И одговорот од министерството е сличен.

Станува збор за патување во приватни цели кое не е платено од МВР.

Трошењата на државна сметка не се актуелна тема само во Албанија. И во Македонија деновиве излегоа податоци дека минатата година се потрошени повеќе од 270 илјади евра за службени трошоци.  Актуелниот вицепремиер за евроинтеграции,Бојан Маричиќ, направил убедливо најголеми трошоци од сите останати владини функционери. Потрошил 15 илјади евра за авионски патувања, вип салони, ручеци и вечери.

Најмногу по ресторани, пак, околу 6.000 евра, потрошил Бујар Османи. Зад него е Артан Груби со 4.500 евра. Фатмир Битиќи потрошил над 20 илјади евра по разни основи, а Љупчо Николовски 12 илјади, од кои половина се потрошени во државните ресторани. Крешник Бектеши потрошил над 10 илјади евра, најмногу за вип салони во аеродромите.

Но, премиерот не гледа ништо спорно во овие трошоци. Најави дека треба да ги очекуваме и во наредниот период, затоа што, според него, повеќето се потрошени за ручеци со европски делегации, но и на нашите делегации кои одат на скринингот во Брисел.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел соопшти дека убил над 20 ирански команданти

Дејан Дејан

Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина

Дејан Дејан

Нов бран израелски напади врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе