Владата со последни пресметки околу новата цена на струјата. Попладнево зад затворени врати на седница, ќе се донесе конечна одлука по која цена ЕСМ ќе ја продава својата електирчна енергија во следните шест месеци на ЕВН ХОУМ.
Државните електрани најдоцна до петок треба да ја достават новата понуда за цена. Во моментов таа е 48 евра за мегават час. Но, дали овој износ ќе се зголеми ќе се знае до крајот на неделава. Од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ, најмногу ќе зависи какви сметки за струја, ќе плаќаат граѓаните по Нова Година.
Дел од експертската јавност веќе кажа дека по сите параметри логично е да има поскапување, но дека одлуката за новата цена ќе биде политичка.
Минстерот Бектеши пак, нарекувајќи ги таканаречени експерти тврди дека нивните прогнози нема да се остварат.
За неколку дена и Регулаторната комија за енергетика треба да ги добие пресметките на трошоците и од другите енергетски компании. Отако ќе ги анализира ќе се одлучи што од нивните барања ќе се прифати, а што не. Сепак , првиот регулатор уверува дека сегашните набавки на струја кои се прават нема да се вкалкурират во крајната цена за домаќинстватав. За сега единствено што се знае е дека ДДВ за струја од први јануари наместо 5 ќе биде 10 отсто. Со тоа автоматски граѓаните шќе добјат повисоки сметки.
Ирена Чачкова