Вести Македонија Топ вести

Меѓународната заедница јасно ја посочува корупцијата – домашните институции одговорноста ја лоцираат во соседниот двор

Меѓународната заедница јасно посочува дека има проблем со корупцијата – домашните институции гледаат проблем но, одговорноста за сузбивањето со корупцијата ја лоцираат во соседниот двор или пак најавуваат резултати во наредниот период.

Претседателот на советот на јавни обивнители Антонио Јолевски тврди случаи на гонење корупција имало и до сега но, недоволната транспарентност ги засенила. Сепак признава дека има проблем во борбата со корупцијата, а надежта ја гледа во новоизбрниот шеф на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за кој очекува допрва да покаже резултати. Токму изборот на Абази амбасадорката на САД го нараче збунувачки.

Новата  претседатлека на судскиот совет Весна Дамева е член на советот веќе три години, но најавува реултати во наредниот период. Признава дека до сега судскиот совет разрешил само еден судија поради корупција и тоа поодамна.

За невладините нема дилема каде се јазови што прават застој во борбата со корупцијата.

Шесте невладини кои се дел од Блупортин групата со претставници од правосудството денеска анализира што е спроведено од досегашната пет годишна стратегија реформата во правосудството, а што ќе остане како задолжително за новата стратегија од 2023-та.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе