Вести Македонија Топ вести

Автомобилот на синот на заменикот во МВР, Назим Буши, снимен и пред ограбена фабрика за марихуана

Пролетта кога беше ограбена фабриката за марихуана во стечај, „5 леттерс“ во Крушево беше објавена фотографија од автомобилот на синот на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши.

Со истиот автомобил со вклучени нелегално поставени флешери, помладиот Буши во петокот бегал од полициски патроли, а откако бил сопрен полицајците што го проверувале излажале дека автомобилот е владин и во државна сопственост по што возачот е пуштен на Качанички пат.

Фотографијата пак на аудито А6 паркирано пред фирмата 5 Леттерс во април беше дополнета со коментар дека е направена истиот ден кога од фирмата која беше во стечај се украдени 108 шишиња со масло од канабис вредно над 2 милиони евра.

Претходно во декември 2020-тата беше украдена марихуана од истата фабрика при што беше осомничен и роднина на заменик министерот Буши.

Тогаш функционерот на ДУИ негираше поврзаност и одговорност за постапката на роднината, тврдеше дека не влијаел врз истрагата и бараше казна за виновниците.

Сега по новиот инцидент со Ауди А6 на синот на вториот човек на МВР, во министерството прашавме и за кражбите во фабриката на марихуана и за бегството од полициска патрола.

Ни стигна само кус одговор за последниот инцидент со граматички грешки (еднина/множина).

„Во врска со вашите прашање, ве информираме дека во тек е истражна постапка за  конкретниот случај каде е вклучена  и Внатрешната контрола, при комплетирање на   материјалот  од истрагата навремено ќе бидете  информирани“ – реагираат од МВР.

Инаку автомобилот според фотографиите во кои има увид Телма,  бил креван на пајак служба поради непрописно паркирање, па спуштен по интервенција, потоа бил непрописно паркиран пред влезот на Ист гејт мол до полициско возило, а сопственикот- синот на заменик министерот важел за човек кој обезбедувал фабрики на марихуана. Заменик министерот Буши имотот на децата го има пријавено и во анкетниот лист иако таму стои постар автомобил Ауди А4, а не поновата А 6-ка.

Од Комората за обезбедување ни изјавија дека лицето К. Буши нема ниту лиценца ниту дозвола да работи во агенција за обезбедување.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Москва тврди дека уништила над 50 украински дронови, нападите предизвикаа пожари во руските електрани

Дејан Дејан

Претставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван

Дејан Дејан

Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе