Вести Македонија Наука и здравје

Прва трансплантација на црн дроб во Македонија, донор на органите-жена во мозочна смрт

Денес точно на пладне на Клиниката за дигестивна хирурија беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор. Ова е прв таков зафат во историјата на македонскотo здравство.

Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт.

Семејството вчера се согласи да ги донира органите. Покрај црн дроб, во моментов во тек се и трансплантациите на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.

– Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари, истакна министерот Беким Сали.

Медициснките тимови на скопските клиники се подготвувале за трансплантацијата последните 24 часа, а по завршување на зафатите ќе продолжат да работа со пациентите.

Историскиот прв зафат за трансплантација на црн дроб го изврши професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за Гастроентерохепатологија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе