Ракомет Спорт

Саздовска: Романките посакуваат втора фаза, ние ќе се обидеме да им ги расипеме плановите

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва од 18 часот против Романија ќе го одигра натпреварот од третото коло на Европскиот шампионат.

За двете селекции ова е дуел што решава кој ќе го продолжи настапот на континенталното првенство. Романија е фаворит, но нашите ракометарки ветуваат дека ќе се обидат да направат сензација.

“Можам да се кажам дека сме фокусирани на Романија. Тие се доста сериозен противник. Мора да подобриме некои работи и да ги намалиме техничките грешки. Не смееме да промашуваме зицери и мораме сериозно да го сфатиме натпреварот. Романија се гледа понатаму, но ние ќе се обидеме да им го загрозиме видот и ќе се обидеме колку можеме повеќе да бидеме во егал со нив. Франција и Холандија се многу позрели репрезентации од нас и имаат многу поголема минутажа од нас на големи натпреварувања. Доста е важен влезот во натпреварот. Ако влезе со негатива од пет гола, тешко дека ќе успееме да направиме нешто повеќе”, изјави Јована Саздовска

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе