Ракомет Спорт

Македонија до рутинска и убедлива победа во Турција за чекор поблизу до ЕП 2024

Македонската ракометна репрезентација има максимален ефект по двете почетни кола во квалификациите за ЕП во 2024 година. По триумфот над Луксембург во Скопје, избраниците на селекторот Кирил Лазаров денеска славеа и на гостувањето кај Турција со убедливи 27-36.

Македонија влезе на натпреварот во Ван максимално ангажирано и мотивирано, па можеби и го реши победникот уште по првите 12-13 минути кога имаше водство од 0-9. Турците немаа решение за нашата одбрана, но и за нападот, па пред крајот на првиот дел поведовме и со 10 разлика. На полувремето резултатот гласеше 8-17.

Во вториот дел продолжи доминацијата на Македонија. Турција единствено два пати успеа да намали на негатива од шест голови, по што нашите ракометари веднаш враќаа и два пати имаа двоцифрена предност. Конечниот резултат беше 27-36.

Филип Талески со седум голови беше најефикасен во нашиот табор, Дејан Манасков имаше пет, додека Томислав Јагуриновски имаше четири. Никола Митревски имаше седум интервенции на голот, додека Мартин Томовски три. Кај Турција најмногу се истакна Ерај Каракоч со седум голови.

Македонија го дели првото место на табелата во групата 1 заедно со Португалија, која исто така има максимални две победи. Следниот натпревар во квалификациите го играме токму против овој ривал и тоа во Скопје на 8.март идната година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе