Вести Македонија Топ вести

Навивачи на ПАОК дивееа низ Скопје, МВР спречи директен судир со Комити

Навивачи на грчката „Паок“ дивееле среде Скопје. Нападнале момче со дрес на Вардар и ограбиле неколку продавници во Центар.

Полицијата во два наврати спречила инцидентот да прерасне во жестока пресметка помеѓу навивачки групи.

Дел од грчките навивачи се идентификувани, по што биле веднаш вратени во автобусот на клобот, за да спречи  пресметка со Комитите, кои во меѓувреме се спрамле за одоговор.

Но, откако Комити не успеале во намерата, се собрале на излез од Скопје во обид да го спорат абтобусот.

Не успеал ниту во овој обид да им вратат за нападот на момчето со дрес на Вардар, па го каменувале автобусот. За среќа нема повредени.

Денеска околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар-Скопје бил нарушен јавниот ред и мир од навивачи од навивачка група од Република Грција. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека дел од лицата од групата одзеле предмети од продажен објект и физички нападнале случајни минувачи. Групата била обезбедена и по целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат во одговор за Телма од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе