Вести Код Македонија Топ вести

КОД открива како Бесмира Ејупи добила сертификат за државна тајна

Заедничко меѓу претседателот Пендаровски и нововработената службеничка во МНР, Бесмира Ејупи е тоа што и двајцата имаат сертификат за државна тајна.

КОД во вечерашната емисија открива како Ејупи како хонорарец добила сертификат за да има увид во најголемите тајни во државната администрација, за разлика од најмалку 9 судијки во скопскиот граѓански суд кои со години не добиваат сертификати и не може да судат на странки кои бараат работнички права.

Дури во МНР не знаеле за сертификатот на Ејупи па барале таков документ од понизок степен.

Во КОД вечерва и за хакерските напади врз информатички системи на министерствата во Македонија и како Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ги акредитира и заштитува мрежите за пренос на информации од кои некои се директно поврзани со НАТО.

КОД е во редовниот термин во 19:15 на Телма вечерва (недела 09.10.2022.)

Целата емисија е на следниот линк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реални се шансите за економски раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал – Мицкоски на самитот „Македонија 2025“

Дејан Дејан

Таравари: За излегување од Влада ќе одлучуваат партиските органи

Дејан Дејан

Мојсоска Блажески: Сакаме пазарна економија, а бараме државен интервенционизам

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе