Вести Свет

Ураганот Ијан стигна до Флорида како бура од катастрофална четврта категорија

Ураганот Ијан стигна до Флорида како бура од катастрофална четврта категорија, носејќи силни дождови и опасно високи бранови со силни удари на ветер.

Поради ураганот претходно беше наредена евакуација на два и пол милиони луѓе.

Ијан, кој засили над топлите води на Мексиканскиот Залив, во текот на ноќта прерасна во ураган од катастрофална четврта категорија, со максимални ветришта со јачина од 250 километри на час, според податоците на американскиот Национален центар за урагани.

Бурата е на пат да удри блиску до густо населената област Форт Маерс, а метеоролозите предупредуваат дека може да предизвика бранови високи пет и пол метри.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дефект на главна цевка ќе ги секне чешмите – две третини од Скопје ќе остане без вода за пиење

Дејан Дејан

Адвокатите се спротивставија во Управниот суд: Требало да се спроведе јавно гласање, а не само јавна седница за избор на директор на академијата за судии и јавни обвинители

Дејан Дејан

Заврши партиската стража на ДУИ пред Уставен – партиите и денеска „ги скршија копјата“ околу Законот за употреба на јазиците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе