Вести Македонија Најважни

Стоп за затворскиот туризам – само осудени за кривични дела од небрежност да „лежат“ во Струга?

Осудените за перење пари, злоупотреба на службената положба и други потешки кривични дела сторени со умисла да не можат да издржуваат казна во затвор од отворен тип без разлика што казната им е до 3 години.

Во затворот во Струга кој е единствен од отворен тип да може да одат само оние кои сториле кривични дела од небрежност како што се сообраќајките и други полесни дела.

Ова е едно од можните решенија кои ги разгледувала работната група што треба да изврши измени на закаонот за извршување на санкции на состанокот неделава.

Во актуелниот закон оставен е простор за многу поголем опфат на кривични дела и осуденици

„Во установа од отворен вид се извршува казната затвор за осудени лица за кривични дела извршени од небрежност и за други кривични дела на осудени лица на казна затвор до три години, доколку основано може да се очекува дека постапувањето во овие установи одговара на карактерот на кривичното дело и личноста и дека во овој вид установа со чувство на лична одговорност ќе ги извршуваат своите обврски и нема да го злоупотребат престојувањето“ – се вели во членот 46 од Законот за извршување на санкции.

Злоупотребите со затворскиот туризам до сега главно се правеа со менувње на адресата во последен момент од Скопје во Охрид.

Со тоа осудените добиваа бенефиции преку ден да се надвор од затворот за да работат а да се враќаат навечер.

Едно од решенијата според експертите е менување на адресата да стане ирелевантни, односно местото каде што ќе се издржува затворската казна да се гледа според живеалиштето кое го имал осудениот во моментот кога почнала кривичната постапка против него.

Тоа сега е регулирано во член 137 и се смета на моменталното живеалиште а доколку биде предложен овој модел би се користела адресата која осудениот ја имал во моментот на отворање на истрагата против него

„Надлежен орган за преземање на потребните дејствија заради извршување на казната затвор е судијата за извршување на санкциите според местото на живеалиштето, односно престојувалиштето на осуденото лице“ – стои во членот 137 од законот.

Министерот за правда Тупанчески најави законски измени кога за краток период 5-мина познати осуденици ја искористија истата законска дупка.

Зоран Милески Кичеец, Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ, Сашо Мијалков и Тодор Мирчески.

Ги користеле погодностите на законот за извршување на санкции за да ги лежат казните во единствениот затвор од отворен тип, а доколку биле во Скопје ќе лежеа во Шутка.

Последен кој влезе во струшкиот затвор минатиот месец беше екс првиот човек на УБК Сашо Мијалков кој еднаш го одложи упатниот акт поради здравствени причини.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Судот е мафија, таткото на Фросина за 12-годишната затворска казна за возачот кој ја прегази неговата ќерка

Дејан Дејан

Васил Јованов осуден на казна затвор од 12 години за смртта на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Русија прогласена за виновна за уривање на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година во кој загинаа 298 луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе