Кошарка Спорт

Американците најефикасни на Евробаскет 2022

По првата фаза од Европското првенство во кошарка објавен е интересен статистички податок според кој најголем број на поени во овој сегмент од натпреварувањето постигнале Американците.

Натурализираните играчи во националните тимови кои доаѓаат од САД на шампионатот постигнале вкупно 656 поени што е за 172 повеќе од репрезентацијата на Србија додека на третото место е Словенија со 464.

Од натурализираните кошаркари најефикасен со 75 поени е Тод Мекфаден кој настапува за Грузија, а идентичен учинок има и Џон Роберсон од Босна и Херцеговина. Меѓу петте најдобри со 70 поени е Ди Бост од Бугарија и Кендрик Пери со 66, кој своевремено настапуваше и во првенството на Македонија, а сега го носи дресот на Црна Гора.

Во оваа категорија не влегува играчот на Далас, Тајлер Дорси кој настапува за Грција бидејќи неговата мајка е Гркинка, а во првата фаза постигна 76 поени.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе