Вести Свет Топ вести

Едно лице од ранетите во вчерашната престрелка во Цетиње е во животна опасност

Едно лице од ранетите во вчерашната престрелка во Цетиње е во животна опасност, соопштија днееска од Клиничкиот центар на Црна Гора. Во таа болница во Подгорица се згрижени четири лица кои се ранети – едно е стабилно, а тројца се на интензивна нега, од кои едно е во животна опасност.

Во соопштението се наведува дека двајца пациенти се надвор од животна опасност и се згрижени во болница во Цетиње, јавуваат подгоричките медиуми.

Една од ранетите хоспитализирани во Клиничкиот центар на Црна Гора во моментов е стабилен, надвор од животна опасност и е сместена на Клиниката за неврохирургија.

Вториот пациент е третиран хируршки по приемот, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, животот му е загрозен и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега.

Во соопштението се додава дека третиот пациент има повреда во пределот на абдоменот хируршки е третиран и е на понатамошна интензивна терапија и мониторинг и исто така е сместен на одделението за интензивна нега.

Четвртиот пациент има повреди на вратот и градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така е оперативно третиран и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега, соопшти Клиничкиот центар на Црна Гора.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе