Вести Економија Свет Топ вести

Нафтата на светските берзи со најниска цена по рускиот напад врз Украина

Инвеститорскиот страв од рецесија, кинеската нула-ковид политика и зголемените резерви на САД се причините поради кои цената на барел нафта паднаа на најниско ниво од почетокот на војната во Украина, анализира Ројтерс.

Вчера на лондонската берза, Брент нафтата затвори на цена од 94,12 долари што е најниска цена од 18-ти февруари. Во текот на денот цената се спушти и до 93,60 долари за барел.

Утрово на берзата во Лондон цената на нафтата за септемвриските фјучурси се искачува полека но сепак е под 95 долари.

Пад е регистриран на американскиот пазар каде WTI нафтата се продава за под 89 долари барел односно достигна цена на нивото од почетокот на февруари.

Цената на нафтата доживеа голем пад во средата откако беше објавено дека резервите во САД се поголеми од очекуваното бидејќи потрошувачката паѓа поради високите цени на дериватите.

Кина која е најголем увозник на нафта и деривати придонесува за падот поради својата ковид политика на затворање на ризични области.

Стравот од економски пад во Европа и во САД кој може да донесе рецесија е најголемата причина за падот на цената особено откако земјите од ОПЕК + се согласија да произведуваат 100.000 барели нафта повеќе на дневно ниво (0,1% од светската побарувачка) во услови на намалена побарувачка.

-Сепак разговорите за рецесија се се погласни и можно е таа да стане реалност во услови на неизбалансираност, изјавил за Ројтерс, Крег Ерлам, берзански аналитичар од Лондон, кој очекува и пад на нафтата под 90 долари ако продолжат надолните економски трендови.

Горивата од ноќеска на полноќ со нова пониска цена

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

(видео)Мицковски најавува наскоро номинирање имиња за нови министри, Касами тврди засега нема преговори

Дејан Дејан

(видео)Касами: За промените на министри потребен е политички договор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе