Вести Свет

Средба на Бербок со Мицотакис и Дендиас

Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок во рамките на дводневната посета на Грција, денеска ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас.

Според Министерството за надворешни работи на Грција, Дендиас и Бербок ќе разговараат за билатералните односи, за случувањата во Источниот Медитеран, руската инвазија на Украина, ситуацијата на Западен Балкан и за перспективите за енергетска соработка.

Бербок првично требаше да оди во Атина на почетокот на јуни, но патувањето и се одложи откако тааа се зарази со Ковид-19.Поради тоа таа дури вчера пристигна во Атина и веднаш го посети споменикот на Холокаустот и положи цвеќе, а потоа во придружба на министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис посети прифатен центар за бегалци и мигранти.

Од грчкото МНР соопштија дека се очекува разговорите да се фокусираат на натамошното зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Грција и Франција, на случувањата во Источниот Медитеран, на руската инвазија на Украина, на новата европска безбедносна архитектура и на состојбите на Западен Балкан, како и на случувањата во Либија.

Ова ќе биде прва средба на министрите за надворешни работи на Грција и Франција по формирањето на новата француска Влада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе