Владата премногу калкулираше со информирање за процесот и со необјавувањето на протоколот поради што се создадоа тензии во општеството кон францускиот предлог, оценува аналитичарот Димитар Николовски од Еуротинк.
Тој прогнозира дека по меѓувладината конференција ќе следува мирен период на почеток на скрининг, но ризичните точки од преговарачката рамка и од протоколот се потенцијални можности за нови протести, па дури и нереди.
Неговата проценка е дека уличниот активизам на противењето на францускиот предлог на крајот се намали што според него значи дека краткорочно ќе има мирен почеток на ЕУ скенирањето на македонските состојби.