Вести Македонија

Апелација му ја зголеми затворската казна на возачот осуден за сообраќајната несреќа кај „Сити мол“ во која загина Викторија Николова

Апелациониот суд во Скопје му ја зголеми казната на возачот Јордан Ѓоргиев, осуден за сообраќајната несреќа во која на пешачки премин кај „Сити мол“ загина 24-годишната Викторија Николова.

Казната е зголемена од 3 на 4 години затвор, по прифатената жалба на Обвинителството.

За возачот Ѓоргиев останува и десетгодишната забрана за управување со моторни возила.

Ѓоргиев од несреќата во јануари досега е во притвор.

Претходно, Кривичниот суд го осуди Ѓоргиев на три години казна затвор, по несреќата во која освен што загина Николова, беше повредено и нејзиното момче Леонид Даов.

Обвинетиот тогаш ја призна вината и судскиот процес против него заврши со едно рочиште.

Ѓоргиев возел со брзина поголема од пропишаната, не ги почитувал сообраќајните прописи и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин, вечерта на 20 јануари, на булеварот „Партизански одреди“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Во Албанија до 17 часот гласале 38,75 отсто од гласачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе