Македонската одбојкарска репрезентација ја совлада Босна и Херцеговина со 3:0 и успешно го заврши својот дел од работата во битката за освојување на второто место во групата и пласман на завршниот турнир во Европската сребрена лига.
За повторно да бидеме дел од четирите најдобри селекции во ова натпреварување потребно е во денешниот меч меѓу Романија и Албанија, домаќините да забележат победа, но не смеат да загубат повеќе од еден сет.
Романците мора да атакуваат на победа бидејќи на тој начин ќе го задржат првото место, а дополнително ни влева надеж за успех и фактот дека Романците во првиот дуел на отворањето на натпреварувањето во фазата по групи како гостин забележаа победа од 3:1.
Мечот се игра во Галати и почнува во 16 часот.
ФОТО: Игор Паневски