Новата работна седмица ќе ја отпочнеме со сончево време со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне на некои места ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 14°C, а дневната од 24 до 31°C.
УВ индексот ќе изнесува 8.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот изутрина (во л/м2)
54 Ѓуриште, 21 Кр.Паланка, 17 Тетово, 8 Пожаране, 7 Битола, Виница, 5 Прилеп, Крушево, 4 Штип, 3 Скопје Зајчев Рид, Охрид, 2 Д.Капија, Берово, 1 Струмица, Маврово.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/